Кога ги гледам овие тв анкетите на кои десетици граѓани упорно тврдат дека Корона епидемијата не постои и дека власта и медиумите го лажат народот за епидемијата и они тоа добро го увиделе и нема да дозволат некој да ги заебе, од демократ станувам монархист…
Само султан за оваа раја, каква бре ебена демократија, кои ебени бакрачи, си правиме бајрам на умот, истите овие потоа идат да гласаат и гласаат за Игор Јанушев и мислат дека он ќе им го среди животот…
И имаш литии, причестување од исто лажиче, бацување рака на владика на масовни собири, прослави, свадби, ора, ифтари во сред епидемија со Корона, младешки журки на Водно и по разни викендици, полни паркови со деца на купишта…
Како е можно во 21-во век народот да е толку глуп?!?! Компјутери, телевизии, книги бесплатни на нет, портали текстови колумни филмови музика достапна како никогаш досега, а пак како да сме во среден век со умот?!?!
Има повеќе фактори кои делуваат врз простоќата на народот кој нема доволно ум и капацитет да разбере дека сме среде смртоносна епидемија која сее смрт пред себе и поради стравот од таа смрт, поради одлуките за карантини и полициски час, се сее и економска криза која ќе одземе можеби исто толку животи од стрес од немање пари за лекарства и медицинска заштита од глад дури, не знаеме до каде ќе оди кризата…
Секако виновник број еден за простоќата кај народот е секако негрижата родителска, многу деца се израснати во сиромашни неуки фамилии кои немале можност да им пружат на децата доволно грижа, внимание, љубов можеби, упорност, дисциплина па тие деца да учат на раат и да си ги зголемат видиците, да се наоружат со знаења со капацитет за ментално и разумно расудување за да се крене просекот на нацијата повисоко.
Тука се и религиите кои иако нудат мелем за ранетата душа полна со тага и страв, сепак како краен ефект го затупуваат народот да верува во виша сила наместо во разум и наука.
Тука сме и ние медиумите, го злоупотребуваме сето тоа наброено погоре, па го плашиме народот го дотупуваме, го дотепуваме интелектуално и цивилизациски со разните теории на заговор, па народот и тоа малце ум што го има го брка преку прозор!
На крај му останува во главата еден коктел, една ШОПСКА САЛАТА од суеверија, теории на заговор, незнаење, религиски будалаштини…
На крај, за теориите на заговор. Тие се одбрамбен механизам кога простиот човек не може да ја разбере комплексноста на светот а не сака да признае дека е неук и глуп, па се фаќа за едно јаже на спасот, почнува да верува во простачки теории на заговор како една лажна самодоверба дека ете и он иако е прост и неук сепак успеал да го надитри непријателот, т.е злото, државата, судбината, ѓаволот, сатаната, ВАТЕВЕР, дека он простиот поединец сепак е над ситуацијата и е победник!
Затоа се теориите на заговор толку привлечни за простите маси, тие се ВИЈАГРА на клапнатиот импотентен ум кој животот му ги направил во мека виршла која не може да го надене животот и компексниост свет пред себе па мора да се крене и ЗДРВИ вештачки со простачка интервенција наречена ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР НА РАЗНИТЕ МАСОНИ, 5Г, БИЛ ГЕЈТС, ХИЛАРИ, КЕМТРЕЈЛС, ХАРП, ПИЦА ГЕЈТ ИТН ИТН ИТН!
Има ли решение за сето ова?! Како во скандинавија на пример сите организирано се заедно сложни во разните државни проекти?! Дали можеби решението е во левичарската теорија дека државата треба да ги крене даноците и со парите собрани да им овозможи на сите луѓе квалитетно образование кога се деца за кога ќе пораснат да не мора да веруваат во теории на заговор за да личат вештачки на умни и свесни граѓани?!
Немам друго решение, семејството како основна општествена клетка потфрла затоа не сите родители се на висината на задачата од младите да направат умни возрасни разумни чинители кои ќе бидат корисни за себе и за општеството…
Извор: Мактел