Петрит Сарачини кој е дел од пропагандниот тим на Владата во колумна за цивилмедија.мк објаснува дека премиерот Заев не може да биде сменет од својата функција затоа што Македонија била во војна, период во кој според негово мислење во светот не се менувал претседател.
Сарачини како пример за неменливост на лидер ги дава САД каде Рузвелт во втората светска војна бил избран два пати за претседател иако тоа било против уставот.
Според музичарот и новинар а сега советник за комуникација на Владата Заев може да биде сменет само кога ќе заврши специјалната војна во која се наоѓа Македонија а која ќе трае уште неколку месеци.
Поради забрана од цивилмедија.мк објавуваме само вест од текстот затоа што не смееме да цитираме делови од колумната на Сарачини ниту да објавиме линк до неа.