Статус на Фросина Ременски:
“ПР – обвинителство на чело со оваа шефица стана извор на тешки манипулации со јавноста.
Изнесување, ширење на недозволиви и непроверени претпоставки од позиција на јавен обвинител предизвикуваат правна несигурност, поттикнуваат верска омраза и нетрпени помеѓу граѓаните и недоверба кон институциите.
Во нормална држава во ек на протести во врска со коментираниот случај (Монструм), по ваква изјава, јавниот обвинител “го тресат од гаќи”, односно го повикува на одговорност за кажаното.
Кај нас очигледно само на Вилма Русковска и е дозволено да инсинуира, манипулира, претпоставува и јавно да зборува за работи за кои нема докази, не ги проверила, не е повикана да ги коментира, ниту пак смее тоа да го прави на ваков начин.
Да кажеш “тврдеа”, да не провериш веродостојност и точност на кажаното, со цел да оправдаш нечие постапување или одлука е крајно несериозно и дилетантско постапување на јавен обвинител.
Се поставува прашањето дали за сите неуспеси на ЈО оправдувањата во иднина ќе се бараат во “тврдењата на луѓе од УБК” со кои таа другарува, шпекулира и си дозволува “тврдењата” да бидат недокажана работа на Суд.
Синоќа искоментирав дека тие удбашки финти за манипулација, местенки и предизвикување опасност, токму во контекст на случајот Монструм беа актуелни во ноември 2019 година кога овој “трилинг” (удбашко – медиумското- обвинителското партнерство) протури “вест” дека: “Во домот на Ременски при претрес биле најдени документи од Монструм и Диво Насеље”.
Жестоко со пишан допис до ЈО Љубомир Јовевски на 19.11.2019 година се спротивставив и демантирав.
‼Никој од ова ПР-обвинителство не излезе да каже дека постапката е тајна и дека, “веста” е неточна. Никој од тие паметните таму не помисли на можните последици од оваа лага по безбедноста на моето семејство.
Не ми беше чудно, зошто знаев дека, таа пропаганда беше дел од платената политичката елиминација и изнуденото ПР обвинение, токму од тие кои “тврдеа и брифираа од УБК” по кафани.
Нека и’ каже некој на обвинителката дека, СИТЕ имаат одговорност за последиците од јавно искажаниот збор;
Нека и каже дека, зборот доколку е точен тој ослободува, но доколку е лажен тогаш заробува, а дека казната за тоа доаѓа кога тој што го искажал зборот ќе заклучи дека неговиот збор не бил закон, туку алатка за пропаганда и манипулација.
Подобро да си молчи и да одлучи што сака да биде или да остане – обвинител, агент, извршител или политички аналитичар ? Почесно ќе е така.
За другите “тврдења” изнесени во овој трилинг ќе искоментирам деновиве.”