Ќе заврши ли некогаш изградбата на автопатот Кичево – Охрид?
Темата станува актуелна повторно откако порталот курир.мк објави видеа од кои се гледа дека на повеќе траси на проектот нема машини и работници за кои зборуваше министерот за транспорт Бочварски.
“Ова прашање се постави откако министерот за транспорт најави анекс на договорот за продолжување на изградбата следниот месец и тоа уште подолг. Кога ќе се вози по автопатот кој е во изградба веќе седум години ќе дознаеме во јуни?
Mинистерот Бочварски кажа дека и Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта преговараат со изведувачите и со кредиторите за продолжување на рокот за изградба, кој според сегашниот анекс истекува следниот месец а до денес завршени се само 62 отсто од работите на таа делница”, пишува порталот.
Пред 4 дена министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изврши увид на автопатот во изградба Кичево-Охрид, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и неговиот заменик.
Повеќе >> www.expres.mk
[…] […]
Comments are closed.