39-годишна Македонка со возило „цитроен” со швајцарски регистарски таблички не ги почитувала полициските сигнали за запирање и проверка, со голема брзина поминала преку граничниот премин Гуешево на границата со Бугарија, оштетувајќи ја рампата, по што не запрела за проверка ни на сигналот од граничната патрола веднаш после границата.
Полицајците сигнализирале до дежурната служба во Ќустендил, а таа и по влегувањето во градот не застанала кога полицајците и дале сигнал па удрила во една патролна кола, а потоа во уште едно службено возило, пишува БГНЕС.
Полицајците утврдиле дека се работи за државјанка на Македонија и на Швајцарија во лоша состојба па ја однеле во Центар за итна помош на преглед. По наредба на надлежен обвинител од Ќустендил и била земена крв за анализа за присуство на алкохол и наркотички средства, по што Обвинителството објави дека е отворена предистражна постапка.
„Граѓанка на Република Северна Македонија преминала преку граничниот премин Гуешево без дозвола од надлежните органи на 15 мај. Таа не ги испочитувала полициските наредби, не застанувајќи на сигналот даден од неа од полицајците на граничниот премин. Потоа запрела во Ќустендил. Во меѓувреме, додека возела, странската државјанка оштетила и две полициски возила. Со оглед дека жената била во лоша состојба, била повикана Брза помош, при што лекарите утврдиле дека има повишена телесна температура. Исто така, и бил направен и брз тест за ковид-19, а и била земена крв за проверка на нивото на алкохол и опојни средства. Во моментот таа е префрлена на лекување во болница во градот”, соопштиле од ќустендилското обвинителство.
Извор: БГНЕС