СДСМ ја почна кампањата навистина жестоко! Јас важам за нивен најголем подржувач, но дури и јас сум пријатно изненаден од темпото, жестината и најважно од она што имаат да покажат дека сработиле!
Имаа само 3 години власт и ВМРО ДПМНЕ ги саботираше на секој чекор, но пак успеале да направат многу!
Дури сега ми е јасно зошто Заев е толку убеден во победата. Не се работи нити за НАТО, нити за ЕУ нити за меџународната, напротив, се работи за она што народот го гледа на терен.
Сите тие над 500 километри нови патишта, тие над 500 километри реновирани патишта, сите тие школи, градинки, водоводи, базени, сали, мостови, полициски станици, системи за наводнување, канализации, болници, сето тоа народот го гледа и чувствува!
Нема потреба од пропаганда, од реклама, народот секој ден оди по тие паркови, вози по тие улици, поминува низ тие мостови, ги носи децата во тие нови или реновирани градинки и школи, ја пие водата од новите водоводи, се лечи во новите и реновирани болници.
Затоа ВМРО ДПМНЕ ќе биде брутално прегазено! Народот го чувствува и полното новчаниче, 100е поголеми плати, 100е поголеми социјални примања, пензии, дечки додаток, додаток за инвалидно лице итн итн…
Плус разни поврати на ДДВ, поефтина струја, укинати други давачки, намалени казни за 50‚% итн итн, сето тоа народот го чувствува во вид на повеќе полн фрижидер, повеќе полн подрум со зимница, понова облека, посреќни фамилии со повеќе парички.
Народот знае дека само за 3 години животот во земјава драстично е подобрен, и во такви услови, девизата, мислата, да им се даде на СДСМ уште 4 години, тогаш, сите знаеме, како ли ќе изгледа земјава, колку ли повеќе парички ќе имаме во новчанците, колку ли помалце грижи ќе имаме?!
Затоа СДСМ ќе гази, затоа што работи, затоа што се домаќини, затоа што се кротки, вредни, мирни, паметни, не се забегани, не се аздисани, не се лопови мрзливи забегани расипани!!!
Како другите, знаете кои…
Да бидеме реални, тоа го интересира народот. Власт која работи за народот и на крај да види народот повеќе парички и подобар живот, сега и одма! Го боли стапот народот за евро атлантски интеграции, за демократија, за реформи и разни бенчмаркови… Ако не види народот на терен промени, веднаш, и ако не види повеќе парички и полн стомак, се ќе иде во мајчината!
Така било од памтивек, тоа е реалноста и нема тука многу филозофирање околу тоа!
Тоа што Заев запнал да не носи во НАТО и ЕУ, не е за тоа да се фали пред народот, туку преку НАТО и ЕУ, да му го овозможи она што народот го бара, поубав живот, безмалку рај на земјата во која ќе тече мед и млеко. Само тоа е патот, не се идеални нити НАТО нити ЕУ, но даваат најмногу можности.
Но сите знаеме дека НАТО и ЕУ сами по себе не даваат мед и млеко, ние треба да ги засукаме ракавите, но стабилноста и речиси совршениот правен систем ќе овозможат од тој труд и од таа мака, најмногу аир да видиме!
Извор: Мактел