Денеска во седиштето на ВМРО ДПМНЕ се случи немил инцидент при што новинарот и уредник на Мактел, Саше Политико беше нападнат ведбално од уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.
Причината за нападот беше критичко прашање поставено кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски, кое очигледно не му се допадна на уредникот на Инфомакс, па по пресот пред Мицковски и пред портпаролот Наум Стоилковски, Митовски му се нафрли на Саше Политико со навреди и дофрлања.
– Со овие прашања му штетиш на Заев, врати му ја камерата што ти ја дал, не им вршиш работа! – врескаше уредникот на Инфомакс кон уредникот на Мактел.
Саше Политико остана смирен и не врати на навредите туку побара интервенција од портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски кој беше сведок на настанот да ја смири ситуацијата и да воведе работна атмосфера на што Соилковски прво одби да реагира со изговор дека ништо спорно не се случоло но по инсистирање на Саше Политико потоа сепак вети дека во иднина ќе го предупреди Митовски така да не се однесува на прес конференции во седиштето на ВМРО ДПМНЕ.
За инцидентот е известено Здружениото на Новинари на Македонија. Се надеваме дека ова не е смислен начин да се казнат оние кои поставуваат критички прашања кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ, да со вакви навреди и напади се избркаат од пресовите.