Идните локални избори се во 2021-ва во Октомври. Значи уште цела година и плус 3 месеци.
Но ВМРО ДПМНЕ овие денови во паника да се спаси од гневот на членството поради поразот кој е доживеан во јавноста како промашување на пенал без голман на голот, тие сега панично се фокусираат на локалните па почнаа жестока ПАЉБА против Петре Шилегов за Универзална Сала која и самите тие имаа план да ја рушат?!?!
Но наместо парк имаа намера да градат 30 милиона евра чудовиште кое уште повеќе ќе го затрупаше и онака густото Дебар Маало…
Но кој врти факти, кој врти логика, битно е да се скрене вниманието на јавноста од поразот, да не се бара одговорност од Мицковски и бандата.
Дури и самиот Мицко излезе со нарачано интервју на Сител каде новинарката беше како фикус само да му се даде простор на Мицко да се спаси после две недели криење во глувчешка дупка!!!
Можам само да замислам како ќе си поминеше сирот Мицко ако отидеше на интервју кај Лупевска, Чомовски, Христов, Мишко Иванов, Мрѓа за Ефтов да не зборам, имаше да летаат партали…
Си беше кукавица и лешпер, и си остана кукавица и лешпер Мицковски и пред поразот и за време на поразот и после поразот!
Гнида од човек, без еден пршлен рбет, а иронично тој снимаше спотови за исправена кичма!
Што се однесува до мене, се уште мислам дека слабо ВМРО јака и силна држава, се додека СДСМ не почнале да забегуваат.
Па така, среќен сум што ВМРО нема да го менува раководството. Со Митко Јанчев на чело, дури и јас можеби би гласал за ВМРО ДПМНЕ, па замислете на каква мисла ќе се стават над 500 000 неопределни кои се желни за нешто ново на политичката сцена!
Мислам дека со Митко Јанчев на чело ВМРО ДПМНЕ може да се прошета на следните избори и ќе освои 500 000 гласови!
Колумна на Саше Ивановски – Политико