Мактел пренесува:
“Се радувам на радоста на Груби кој со гордост ги покажуваше фотките од новата зграда за политички систем и односи меѓу заедниците.
Прекрасна зграда, нова, платена со наши народни пари. Мило ми е што ќе ја користат претежно Албанци и останати членови на нашите малцинства.
Мило ми е што им е убаво во нашата заедничка земја. Многу ми е мило кога ќе видам триумф на Албанците и нашите малцинства.
Ми се полни срцето кога ќе се изборат за некое свое право и кога ќе ги видам дека се радуваат на тој триумф.
Секоја победа и триумф на ДУИ е чекор подалеку од војна, конфликти, немир, тензии, а е чекор поблиску до вечен прекрасен мир и плоден соживот кој ќе роди силна просперитетна земја исполнета со успешен добро ситуиран народ.
Немој да мислите дека победите на Албанцитр се порази за Северна Макеоднија, обратно е, секоја победа на политичките преставници на малцинствата се победи наши заеднички, ги намалуваат тензиите, омразата, гневот, се повеќе сите си ја чувствуваат земјата за своја, мајка на сите, маќеа за никого!
Колку е оваа земја моја толку е и на Шабан, Рамзи, Курто, Адела, Сеад, Јани, Светозар, Ајше, Фатима… Сите сме си граѓани на оваа земја исто си ја сакаме и таа исто кон нас треба да се однесува со иста грижа со иста сума на пари со исто даноци со исто внимание со исти казни, помош, услови, можности… ”
Извор: Мактел