Овие фотографии ќе ви го разубават денот.
Без разлика дали сте вмровци, „комуњари“, неопределени или навивате за ликови како Али Ахмети, Амди Бајрам и Димитар Апасиев, овие фотографии сигурни сме дека ќе ве расположат и ќе ви го разубават денот.
Време е малку да заборавиме на лошите вести за короната и малку да се пошегуваме, нели? Овој пат во тоа ќе ни помогнат нашите политичари, а ако некого заборавивме, обидете се да го направите вие и испратете ни го преку коментарите на овој пост на социјалните мрежи.
Имено, апликацијата Фејсап веќе подолго време е хит во целиот свет. Со неа можете да си поиграте со ваши или туѓи фотографии и да го промените физичкиот изглед. Можете да ја промените бојата на косата, очите, да имате поголем или помал нос, рамни заби, но и да проверите како некој би изгледал кога би бил од спротивниот пол.
И кога ќе почнете да го правите ова, нема да можете да престанете бидејќи излегуваат генијални работи.