Кандидатот за претседател на владејачката коалиција Стево Пендаровски е задоволен од вчерашните резултати од првиот круг на гласање на претседателските избори. Тој очекува сигурна и убедлива победа и на 5 мај кога се одржува вториот круг гласање. Не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните. Тој не сакеше да ги коментира изборните резултати по општини, но рече дека на ваквиот резултат влијаеле тешки политички одлуки, кои биле донесени изминативе 2 години.
– Не можам да кажам дали некој од коалициските партнери не си ја завршил работата како што треба затоа што за тоа треба подлабока анализа, но, знаете, ние имавме тешки политички одлуки: договорот со Грција, договорот со Бугарија и Законот за јазиците, кои не беа популарни кај граѓаните и тоа имаше влијание, но тоа моравме да го направиме заради европскиот пат на земјата. Ние ја разбираме пораката од граѓаните, а тоа е дека некои од нив не се задоволни од одредени економски проблеми, локални нерешени прашања, затоа што зад мене застанаа политички партии и можеби незадоволството се должи на нешто што го очекувале граѓаните, а не го добиле од политичарите. Не сум изненаден од резултатот и анкетите покажаа вакви тенденции, но, сепак, се надевам дека гласачите ќе го препознаат мојот концепт и ќе ми ја дададт поддршката во вториот круг- рече Пендаровски.
За него не е поразително тоа што освоил помалку гласови во првиот круг во однос на изборите во 2014 година, бидејќи оваа влада донела тешки одлуки, како договорите со Бугарија и Грцја и Законот за јазици, што сепак влијае на расположението. Тој не смета дека потфрлила и коалициската ДУИ.
Извор:република.мк