За мене овој 3 јануари 2020 година, а верувам и за вас е таков, убав, голем и важен ден. Ден кој никогаш нема да го заборавам, вели политичкиот аналитичар Александар Пандов, зборувајќи за оставката од премиерската функција на Зоран Заев.
Секој човек во главата има „врежано“ одреден број на датуми, кои кога календарски доаѓаат кај нас будат тој ден емоции на среќа и радост, а одредени на жал и тага. Нормално убавите се трудиме да ги паметиме, лошите да ги заборавиме.
Има дати за кој ние сме немале никаква улога, но тие ни се важни, како на пример: денот кога сме родени, Нова Година, домашната слава, одреден број на национални (Илинден, Денот на Независноста, Денот на ВМРО…)и верски празници (Велигден, Божиќ, Митровден, Водици, Курбан Бајрам…), кога сме биле деца 10 Јуни итн.
Од друга страна, во текот на својот живот секој еден од нас си придодал уште датуми, за кој свесно или не во голема мерка самите сме придонеле тие да заземат дел од нашата меморија. Па така дел од нас памети кога матурирал, дипломирал, правел банкет за одење во војска и уште поважно скидање од истата (верувам дека чуството е исто за у затвор), свадба/и, крштевки и родендени на деца итн.
За мене овој 3 Јануари 2020 година, а верувам и за вас е таков, убав, голем и важен ден. Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ден, за кој на моите внуци ќе им раскажувам како нивниот дедо со години се борел, заедно со своите браќа и сестри, да бутнат од власт еден црпнат тиранин и конечно дочекале да го видат неговото паѓање. За многу години да е денов Македонијо, напиша Пандов.