Убав ден, 3ти јануари, денот кога од владата си заминува Зоран Заев, најголемиот политички измамник во историјата на Македонија.
Аболициран политичар без идеологија, кому единствен мотив во политиката му беше и му остана земањето по 1€ за Вицето и влијанието врз правосудството за да си обезбеди неказнивост.
Човек без чест, кој се колнеше во сопствените деца и претци дека нема да го смени уставното име, за потоа да ја погази народната воља од референдумот и со поткуп и судски уцени врз пратеници да го силува Уставот и достоинството на Македонците.
Политичар кој не ги знае суштинските разлики на рамниот во споредба со прогресивниот данок, но многу добро ги знае цените на сите тендери во РЕК Битола и ЈП за Државни патишта.
Премиер кој имал повеќе средби и телефонска комуникација со Боки13, отколку со градоначалниците на Битола и Прилеп заедно.
Функционер во чие време драстично поскапеа горивата, услугите, лекарствата, а за жал поефтини само цената на кокаинот и марихуаната што ја произведуваат и негови блиски, а заштитени дилери им ги шиткаат на младите.
Заев е премиерот од кој се срамеше нацијата од неговите недолични гафови за “сексапил Јуропиан лејди”, како и од лечењето на неговите лични комплекси на инфериорност преку долгите разговори со лажниот Порошенко, Столтенберг и Грета Тунберг.
Заев е премиерот во чие време рекетирањето стана примарен метод за комуникација со стопанствениците.
Заев е тој кој лажните ветувања за нови студентски градови во Скопје, Штип и Битола, изградба на канализацијата во Арачиново, решавањето на депонијата во Тетово, изградбата на модерен Клинички центар и младинската гаранција за вработување на секој дипломиран студент, ги користеше само за предизборна манипулација, а до ден денес останаа само лажни ветувања.
Заев е единствениот премиер измамник кој две години бесрамно го лажеше народот дека државата добила датум за преговори со ЕУ, па дури и организираше лажни прослави со народни пари.
Заев е единствениот политичар кој на нечовечки начин ја злоупотреби трагичната смрт на малата Тамара, убиството на Мартин Нешковски, масакрот на момчињата кај Смилковско езеро, смртта на новинарот Никола Младенов, и ги лажеше и јавноста и блиските на покојните дека тој ќе ја открие вистината. А вистината е дека само лажел за власт и дека убиецот на Мартин Нешковски денес е слободен и надвор од Македонија.
Заев е другарот на Катица Јанева и неа до последно ја предлагаше за заменик на Јовески.., а сите знаат дека Катица не би можела да врши таква голема “Рекет” операција без да ја има неговата поддршка преку извршната власт.
Заев е измамникот кој сеуште се вози во мерцедесот за кој ги лажеше луѓето што му веруваа дека ќе го продаде за амбулантни возила.
Но, на лагата и се кратки нозете. Денес Заев не може да ја излаже ни Баба Перса од Волково. Заврши!
Денес е убав ден, 3ти јануари 2020 година, бидејќи лагата, срамот, измамата, рекетарството, поткупот и дволичноста си даваат оставка. Толку Заев, еднаш и никогаш повеќе !