„Владата на Зоран Заев е излажана од другите политичари.“ – изјави Александар Пандов во вчерашното гостување на 24 Анализа со Сеад Ризвановиќ.
Пандов истакна дека ние како земја припаѓаме во Европа, но добредојдени се странските инвестиции од земјите кои не припаѓаат на Унијата.
„Јас преку ЕУ ги препознавам стандардите, но 90% луѓето го доживуваат датумот и идното членство дека ќе земаат поголема плата“ – рече Пандов.
„Оваа влада ако има доблест треба кога ќе се вратат од Брисел, да излезат пред народот и да кажат дека главната цел за која го добиле мандатот, не ја постигнале“.
Тој е за брзи предвремени парламентарни избори, зошто се останато е губење на време и расправии кои од понеделник би биле пожестоки во медиумите. Минус за Заев, според Пандов е привлекувањето на странските иневстиции.
Пандов потенцираше дека години наназад добиваме препораки и ни било предочено дека треба да смениме многу работи, вклучувајќи и името. Тој тврди дека сега имаме покорумпирана и покриминална влада и од времето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Пандов рече дека и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние му поднесувал извештаи на претседателот Макрон за сите грешки кои се случувале во државата.