Павле Богоевски во вчерашната дебата во 24 Анализа со Сеад Ризвановиќ рече ваквото однесување на Европа е разочарувачко и под стандардите. Со тоа ќе падне и еланот во дравата и треба да бидеме свесни дека одлуката од утрешниот ден во голема би се одразил во државата. Тој истакна дека би требало да бидат спуштени телефоните за ЕУ.
„Недоделувањето на датум ќе има внатрешни и надворешни политички последици. Внатрешнополитичките ќе доведат до дестабилизација на позицијата на сегашната влада и можно е владата да го изгуби мнозинството заради неисполнето ветување од ЕУ. На надворешен план тоа се најмалите последици“ – изјави Богоевски.
Во случај на најлошо сценарио, тоа би довело до уште поголемо одалечување од ЕУ и уназадување на реформите. Во тој случај, би ни останале само Кина, Турција и Русија како избор, зоштио сами ќе се доведеме во ситуација да ни ги затворат вратите на ЕУ.