Пандов: Оставката на Павле Богоевски е исклучително машки чин

Александар Пандов
Прочитај за: < 1 минута

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршен комитет, Александар Пандов, ја оцени оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник како исклучително „машки чин“.

-Не паметам во независна Македонија избран функционер, не поставен туку избран, да поднесе оставка. Мислам дека е прв и тоа е за почитување. Без разлика што се десило, имало покрупни дефекти на функционери но немале доблест да понесат одговорност. Со тоа тој го докажа својот интегритет – рече Пандов во вечерашната дебатна емисија „Само вистина“.

SHARE