Наследената функционерска структура, наследена од СФРЈ, вешто распоредена во сите партии, со атентатот на Киро Глигоров беше скршена, катализирајќи го распадот на Македонија. На тој ден во службен весник на Р.Македонија беше објавено новото знаме, т.н. вентилатор го замени Македонското Сонце.
Тој ден се убија неколку битни работи, што предизвикува неколку битни прашања, од кои две се најважни. Едното е кој и зошто го направи, а второто кого сѐ убија со тој атентат.
За да се дојде до вистината, како услов е да не се земаат во предвид Љубомир Фрчковски и Стојан Андов, кои само наизглед имаат различни ставови, двајцата се атентатори, но фингерајот во кавгата Ве одвлекува од вистината.
Најважно е да се избројат жртвите од тој атентат:
Киро Глигоров како проверен Белградски кадар – со забелешка дека треба да се прави разлика помеѓу Југословенски кадар и класичен великосрпски кадар (Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски).
Го убија Македонското сонце, го убија тој ден и Македонското знаме.
Со првата жртва, младите во налет, стокмени од САД политичари : Миљовски, Пешев, Фрчковски, Црвенковски, Бузлевски, Ханџиски… комплетно ја превземаа целокупната државна админситација и ја исчистија во целост од Јован Аднонов Реган, Данчо Шутурков, Васил Топурковски кој подоцна на момент воскресна но веднаш повторно беше елиминиран.
Веднаш по атентатот приватизициите се залетаа, се забрзаа, беа брутални, се донесоа закони за загубари и огромните комплекси и рудници со огромни кои претставуваа голема вредност и кои не можеа да ги приватизираат со мали пари по законот на Анте Марковиќ и така истите ги спремија за продавање.
Се останато – Пивара Скопје, Прилеп и Битола ги спастрија таа година и следнта. Европа, Фершпед, ЗОИЛ Македонија, Лотарија……. Банките ги спремија за приватизации, кои дојдоа неколку години подоцна. Црвенковски и неговиот опозиционер произведен од истиот шеф, Герогиевски ја превземаа целокупната политичка сцена. Со овој атентат се роди денешната олигархија.
Втората жртва од овој атентат е Македонското знаме, Македонското сонце. Интересно е што иако Георгиевски беше лидер на опозицијата која не влезе во парламентот, не мрдна со мал прст кога Службениот весник го објави новото знаме „хеликоптерот“. Доста Димовска беше задолжена за контрола на старото членство, па по барање на Американците кои Доста без поговор ги слушаше, ДПМНЕ молчеше, денешниве ветерани на ДПМНЕ, тогаш млади деца не писнаа….. Тоа беше почетокот на моделирање на денешниов монструм Северен, тоа беше првата фаза, првиот куршум испукан директно во Македонија. Значи и симболиката, етно генезата беше убиена, но и економски Македонецот беше поробен со атентатот врз Киро Глигоров, не затоа што беше добар политичар и Македонец – не нѐ беше, туку таа голема страшна траума беше искористена да почне демонтажата на Македонија, а никој ништо да не забележи.
Логично, со удар на Македонската држава и последиците од истиот, треба да се пронајде и нарачателот, инвеститорот, во нашиов случај од денешна дистанца, душманот на Македонија. За вака сериозен инжинеринг, кој беше геополитичка игра и значење, кое за жал тогаш не го видовме, а денес веќе имаме и докази со последици, го изведоа глобалистиве – поточно директно САД со нивните инсталации на Балканот, буквално на целиот Балкан.
Атентатот на Глигоров во Октомври 1995 година е последица, на затварањето на една голема операција, а тоа е привршување, крај на војните од распадот на поранешна Југославија. Која е вмешаноста на Македонија во таа геополитичка регионална е добро познато, а се вика кршењето на ембаргото од УН, кон тогашна СР Југославија.
Освен нафтата и калсичните шверцерски и профитабилни бизниси, Македонија во таа 1993 и 1994 година, посебно годината пред атентатот, беше единствена држава од бившата СФРЈ за која не постоеше ембарго за увоз на оружје, што не беше случајно.
МПРИ беше глобална фирма за воени обуки и конслатинг контрактор на НАТО, составена од пензионирани генерали на Пентагон, исклучиво на Пентагон и никој друг, која во 90-тите беше веќе монтирана во Македонија и Хрватска, каде даваше логистика и обучуваше офицери според НАТО стандардите, затоа што и двете држави беа потписнички на партнерството за мир – една интересна формација на НАТО – за не НАТО држави кои се подготвени да прават реформи и реструктуирања, само да се приближат кон НАТО.
МПРИ, беше со сопствени канцаларии во МО на РМ, буквално и беше се достапно, па така НПРИ пристапи кон подготовка на воените акции „Олуја“ и „Бљесак“ со својата филијала во Хрватск. Проблемот со наоружување на Хрватската војска беше сериозен проблем, па токму НПРИ ја превзема комплетната логистика за таа комплицирана операција, наоуружување на црно, огромна армија каква што беше во тие моменти Хрватската.
Токму затоа Црвенковски и Фатос Нано официјално беа ангажирано како Премиери на Македонија и Албанија, едниот да нараша огромна количина на тешко оружје, а другиот истото во Драч Албанија, да ги замени товарните листови на бродовите со оружје и да ги преусмерат со фалс документи за Риека и Сплит. За таа операција, двајцата, Фатос и Црвенковски добија по 12 милиони долари, хонорар од МПРИ (ЦИА).
На тој начин, Македонија без да знае, направи огромен грев кон Српскиот народ кој до ден денешен не знам дали е опростен од страна на Српските служби кои тоа многу доцна го дознаа, затоа што и Туџман и Милошевиќ работеа за истиот газда како и Фатос и Црвенковски. Киро Глигоров со тоа не се сложуваше и заврши како што заврши. Во книгата која се подготвува, редактира и дизајнира, а ја напишав во Централниот затвор во Белград со детали се подробно е објансето.
Заклучок: Македонскиот народ е мал, опкружен со непријателски расположени соседни држави, што последниве 5 години на дело го видовме, без разлика какви се дипломатските односи и политичкото лицемерие, делата и времето ни покажа колку сме ранливи.
Геополитиката е многу важна во креирање на внатрешната политика, генерално на целата политика која Македонскиот народ е должен да ја креира, доколку сака да преживее во овие тешки времиња. Партиските кариери, партиските игри, не се политика, потребно е сериозно организирање околу националните интерсеи, затоа што народ без безбедносен систем е оставен на бришан простор на политичарите, кои продаваат, лажат и манипулираат за мандат или два, а дефектите остануваат на народот, како што времево ме потврди во тезава. Токму затоа Македонскиот народ мора да научи разлика помеѓу партија и Македонија, помеѓу професија и Мајковина, да Македонија.
Колумна на Љупчо Палевски