Владата превзема инцијативи, но за нив се молчи вели шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на само три дена пред наредното соочување на Бугарија и Македонија во Брисел, по најавата за дефинитивно вето. Акциони планови за економска соработка, употребата на долгото и краткото име на државата, инфраструктурно поврзување, рехабилитацијата на жртви од комунизмот Османи ги наведе како затворени прашања, но без детален одговор како земјата ќе одговори до вторник на најтешките барања за јазикoт, идентитот и припадноста на револуционерниот деец Гоце Делчев.
Додека Македонија одборјува до состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, Бугарија која што тврди дека не се почитува три години стариот договор за добрососедство преку претседателот Румен Радев синоќа одново ги нагласи црвените линии на земјата.
Бугарија мора да ги одбрани својата историја, јазик и идентитет, вели Радев за националната телевизија БНТ.
„НИКОЈ ОСВЕН НИЕ САМИТЕ НЕ МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ ТОА. УБЕДЕН СУМ ДЕКА ОТВОРЕНО СОРАБОТУВАЈЌИ СО НАШИТЕ СОСЕДИ И БРАЌА, ЌЕ ГО НАЈДЕМЕ ВИСТИНСКОТО РЕШЕНИЕ, НО БИДЕЈЌИ ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО НЕ ВОДИ КОН ТОА, ИМАМЕ ПРАВО ДА БАРАМЕ ДРУГИ СРЕДСТВА. БУГАРИЈА НЕ Е КАНДИДАТ ЗА ЧЛЕНСТВО, ТУКУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. ТАА МОРА САМАТА ДА ОДЛУЧИ ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИ СО ИДЕОЛОГИИТЕ НА ОМРАЗА ОД МИНАТОТО ИЛИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДЕМОКРАТСКИ РАЗВОЈ“ – ИЗЈАВИ РАДЕВ ЗА БНТ.
Острата реторика на врхушката на Бугарија не треба да не загрижува, без оптимизам во изјавите, но со надеж Османи вели дека постои решение во вторник процесот на интеграција на земјата да продолжи, а да биде спасен и договорот за соработка и добрососедство меѓу двете земји.
Повеќе >> Телма