Целата јавност на големо зборува за синоќешната објава на Фејсбук на Роберт Орданоски, поранешниот директор на АЕК, кој јавно раскажа дека неговата сопруга Агнеса решила да стави крај на нивниот брак и ја нарече фотошоп барбика.
Орданоски кој е сега вработен како инженер во МЕПСО, во моментов е на зимување со двете ќерки на Пелистер, за кои вели дека се центар на неговиот свет.
Ордановски ја раскажува и љубовната приказна со мајката на неговите ќерки од која е 15 години постар. Разликата во години, вели тој се трудел успешно да ја менаџира.
„Вчера, на 13 Јануари, беше 17-тиот роденден на постарата ќерка, Вивиен. Преголемите емоции кои ги чуствував тој момент, кој требаше да биде семеен, но испадна да биде без мајка ѝ, по нејзина желба, доведоа емоциите да ги споделам со сите, без намера да подигнам прашина, но сепак, да укажам на некои девијации во нашето општество поттикнати од разноразни ријалити емисии, каде девојките се натпреваруваст која повештачки ќе изгледа, притоа занемарувајќи го основниот фундамент на секое општество, а тоа е семејството. Во таков филм, за жал, упадна и мојата сопруга Агнеса, која сè повеќе време си посветуваше на себеси, сè помалку на нас тројца. Секојдневни третмани на фризери, козметичари, итн, секојдневно фотографирање и постирање фотографии со цел добивање лајкови и нејзина глорификација, мене ми изгледаат погрешни за здравјето и функционирањето на едно семејство, уште повеќе што јас сум скромен човек и ги учам моите ќерки да бидат такви“, вели Орданоски за Женски магазин.
Екс директорот на АЕК нагласува во интервјуто дека потекнува од семејство на интелектуалци. Вели дека татко му бил правник – судија, а мајка му професор по книжевност, брат му инжинер по информатика.
„Секогаш сме живееле скромно и сме ги негувале семејните вредности пред сè. Секогаш било битно семејството да биде заедно на ручек, на вечера, тоа се обидував да биде пракса и во моето семејство. Сепак, поради обврските на Агнеса секој ден после работа да оди во салон за убавина, семејниот ручек се сведуваше на мене и ќерките, кои се центарот на мојот свет. Сепак, преминував преку тоа, за да задржам мир во семејството. Се до денот недела, 10 јануари, кога ме викна да разговараме: ‚Решив да се разведам, оладена сум, децата ќе бидат со мене, ти ќе ги гледаш кога сакаш.
Повеќе >> Фактор