Со парите за новогодишно украсување, Чаир купи две амбулантни возила за Итната помош

Прочитај за: < 1 минута

Општина Чаир донираше две амбулантни возила на Здравствениот дом во Скопје. Возилата се купени со пренамена на парите планирани за новогодишно украсување на улиците во висини од 42.000 евра.

Министерот Филипче, информираше дека во овој момент трае процедура за вградување на посебни инструменти за ГПС навигација, камери во сите возила во Здравствениот дом во Скопје.

„За две недели ќе заврши целокупната инсталација и со тоа целосно ќе биде модернизиран и овој сегмент од Итната медицинска помош. Тоа значи дека во секој момент точно ќе се знае каде е возилото, каде е наоѓа, кога е испратено, за колку време ќе дојде од моментот на испраќање. Ова значи една многу значајна постапка за модернизација на возилата “, кажа Филипче.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE