Министерот на МВР Оливер Спасовски ја забранил прославата на петгодишнината од референдумската победа за промена на името во организација на „Македонија-Бојкотира“?

Прочитај за: < 1 минута

Координаторот на „Македонија-Бојкотира“ Драган Угриновски денес, понеделник, 2
октомври 2023 година во изјава за јавноста по повод забраната од Спасовски на
прославата на петгодишнината од големата референдумска победа, рече:

Линк до видеото: https://www.youtube.com/watch?v=43-aMP7W2GA

Почитувани,
-„Поминаа два дена, а полицискиот министер Оливер Спасовски сеуште молчи зошто
ја забрани прославата на петгодишнината од големата референдумска победа во
организација на Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“.

Настанот како Координатор на „Македонија-Бојкотира“ лично го пријавив во МВР на
ден 25 септември. Настанот беше закажан за 30 септември пред Собранието во
периодот од 18:00 до 20:00 часот.

Меѓутоа, Спасовски дал наредба да се забрани настанот и во тој период камиони на
полицијата и армијата донесоа велосипедисти на местото каде што бевме најавени.
Полицијата не ни дозволи да поставиме бина и озвучување и народот кој масовно
доаѓаше на местото на настанот не му беше дозволен пристап.

Затоа, во име на „Македонија-Бојкотира“ сакам да се извинам на граѓаните за
неодржувањето на овој настан. Но, тоа не беше по наша вина, Собирот го забрани
Спасовски.

Ја користам оваа прилика да и порачам на власта, нашата борба продолжува се до
поништувањето на преспанскиот договор“ – потенцираше Угриновски.

Check Also

ГОЛЕМ УСПЕХ НА ДОКТОР ЖАН МИТРЕВ: Успешно вградено вештачко срце, продолжен е животот на уште еден млад пациент

Прочитај за: < 1 минута На Дејан Христовски – млад пациент во 40-тите години му е продолжен животот откако од …