Обвинителката Вилма Русковска ја привршува истрагата за организаторите на Крвавиот Четврток. Најавува дека случајот ќе го стокми во обвинение кон крајот на мај. Прв на листата во овој предмет е поранешниот премиер, а сега азилант во Унгарија, Никола Груевски. Но, Русковска не очекува наскоро да се соочи со Груевски.
„Не очекувам во скоро време. Добар дел од сведоците кои планирав да ги сослушам, ги сослушав. Оваа недела тече респитот на обвинетите. Следната недела ќе се договорам со одбранат да извршат увид во доказите и ако треба уште некој сведокј д а се сослуша.“ – изјави Вилма Русковска.
На распит во обвинителството треба да бидат повикани и поранешните министри Миле Јанакиески и Спире Ристовски, едниот во куќен притвор, а вториот да го спроведат од Шутка. Вчера во обвинителството за организиран криминал се појави поранешниот собраниски спикер и осомничен како еден од организаторите-Трајко Вељаноски. Неофицијално Вељаноски не прозборел ништо и побарал увид во доказите, а следен пат да даде своја одбрана.
Во февруари, Русковска побара притвор и за Вељаноски, но го спаси неговиот пратенички имунитет, кој му остана бидејќи Собранието не го изгласа во предвидениот рок. Меѓу осомничените е и агентот бегалец Никола Бошкоски. Сите се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за истото дело за кое 16мина добија 211 години затвор. Засега никој не соопштува дали меѓу оние кои бараат од претседателот Ѓорге Иванов да ги аболицира се и осомничените организатори.
Извор: [www.24.mk]