ВМРО-ДПМНЕ: Нина Групер исплатила државна помош на своја фирма

nina gruper
Прочитај за: < 1 минута

Опозицијата бара Антикорупциската комисија да поведе постапка за случај со фирмата „Вебспот“, за која тврадт дека е сопственост на министерката за финансии во заминување

Постојат сериозни сомневања дека Ангеловска повторно ја злоупотребила својата позиција и од државниот буџет, за кој беше задолжена да го управува, сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати во време на епидемијата, обвини ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Според партискиот портпарол Наум Стоилковски, фирмата „Вебспот“, во сопственост на Ангеловска на 08.07.2020 година земала 210.909 денари, на 12.06.2020 – 224.750 денари, а и на 19.05.2020 земала 224.750 денари, од помошта од антикризните мерки за време на епидемијата од ковид-19. Односно вкупно околу 600.000 денари.

„Ја повикуваме ДКСК да отвори предмет по овој случај. Антикорупционерите мора да покажат храброст, без разлика дали постои притисок врз нив или не постои притисок врз нив. Одговорност за Нина Ангеловска мора да има. Ова е втора злоупотреба во низа на Ангеловска, откако јавноста дозна дека навреме ги извадила своите 250.000 евра од пропаднатата банка Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра; банка зад која стојат непокриени кредити исплаќани кон струмички фирми блиски до Зоран Заев“,

изјави Стоилковски.

SHARE