Тројца пратеници не делат од мнозинство за соборување на владата, не мислам дека тоа е невозможно да се случи, да почекаме, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервјуто на телевизија Сител.
Зборувајќи за пописот, Николоски рече дека очекуваат Пендаровски да не го потпише законот, ако тоа не се случи, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе поднесе иницијатива до Министерството за правда да се соберат потписи за поништување.
Смета дека тројца пратеници не се потполно со власта и откако ќе ги видат потписите за поништување на законот три пати ќе размислат дали да поддржат.
Николовски тврди дека опозицијата работи со пратеници кои доаѓаат од владејачкото мнозинство за соборување на власта.
-Ние понудивме една рецепта која СДСМ имаше можност во текот на јануари и декември да ја прифати, тоа е Влада за национално единство. Еве, не ја прифатија. Сега веќе треба да се оди на соборување на Владата зашто очигледно оваа Влада нема капацитет да се бори она што се нарекуваат економски и здравствени проблеми на Македонија, рече Николовски.
Повеќе >> Сител