Досега како држава поради немањето попис 20 години сме изгубиле 1 милијарда странски инвестиции, фирмите не сакаат да инвестираат во земја која не знае колку народ има и колку кадар има

Прочитај за: < 1 минута

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вели дека политиката секогаш сака да го искористи пописот за свои цели. Посочува дека оваа операција ќе се спроведе според стандардите на Европската комисија, Обединетите нации и Еуростат.

– Поради тоа што сме немале попис 20 години, сигурно сме изгубиле над 1 милијарда евра странски инвестиции затоа што големите корпорации и инвеститори не сакаат да инвестираат во земја која не успеала 20 години да направи попис, таа земја делува несериозно, плус не се знае колку народ има во земјата и со колку и каков кадар располага земјата…

Во однос на давањето на лажни податоци и бојкотирање на пописот, Симовски вели дека ќе следат казни.

-Ако некој политички субјект јавно наложи на граѓаните да постапуваат надвор од правилата што се во Законот. Ние ќе бидеме задоволни и среќни сите политички субјекти да дадат поддршка на пописот, но и да не се врши притисок. Првиот што ќе даде лажни податоци или ќе бојкотира ќе добие кривична пријава, рече Симовски.

Вели дека за граѓаните да бидат сигурно, ДЗС нема да подлегне под какви било политички притисоци и задоволување на нечии политички цели.

Повеќе >> ММС

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE