Втор разговор помеѓу Александар Николоски, носител во изборна единица четири и Миле Јанакиески, ексминистер за транспорт и врски, сега обвинет за криминал во повеќе случаи на СЈО, е објавен на јутуб каналот „Обнова на режимот“. Во овој разговор, се споменува и сегашниот советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини од ДУИ, чие семејство е сопственик на градежна компанија. Од снимката се слуша како Николоски не дозволува да се чепка местото каде ќе гради Усеини, бидејќи, тоа му било дел од договорот за избори со ВМРО-ДПМНЕ.
„Ало министре“, одговара Николоски, на што Јанакиески возвраќа: „Шефе, има некој план за Охрид, … Гранит кај што ви се зградите, во продолжение на Гранит зградите“, а Николоски му вели: „Оооо никако тоа. Тие се на Нефи, овој бандитов, Албанецот. Згради се тие така?“. Јанакиески вели: „Четири згради се, да“, па Николоски продолжува: „Да, да, од Нефи се тие. Тоа му е дел од договорот, ова, за избирите. По 8-9 спрата се“, а Јанакиески додава: „Не, 5+5 се“, по што, Николоски вели: „Е така, по 6 спрата. Никако молим те“.
Општинскиот советник Нефи Усеини, е сопственик на неколку дивоградби во Охрид. Тој е претседател на огранокот на ДУИ во градот. Тој низ годините е повеќепати осуден, а во охридско-струшкиот регион важи за трговец со гласови. Против Усеини и во моментов има неколку предмети кои ги води охридското Обвинителство.
Извор: