Статус на Никола Груевски:
Целата вистина поминува низ три фази. Прво, се смета за апсурд. Второ, таа е насилно запирана. Трето, таа е земена за очигледност.
Артур Шопенхауер
Оргиналните историски архивски документи на Германија, се уште еден од многуте докази за апсурдот и неправдата со кој се соочуваме денес. Германската дипломатска мрежа на Балканот за време на втората светска војна по неколку годишно набљудување со присуство на теренот, дала многу јасен опис за посебноста на македонскиот народ од српскиот и бугарскиот како и за стремежот но и неопходноста македонскиот народ да добие своја независна држава. Архивските документи извадени од германските архиви говорат за бруталните обиди на бугарската администрација на Македонците да им се наметне бугарска свест и да прифатат да се преставуваат за Бугари но и отпорот на македонското население кон тоа. Архивските документи извадени од германските архиви на Германија пишувани во 1943 година многу потсетуваат на денешницата но пред се даваат јасна негација на обидите за фалсификување на историјата со тези од типот дека Македонците до 2. Август 1944 година се чуствувале Бугари, говореле бугарски јазик, а потоа насилно биле помакедончени. Секој искрен, човечен и чесен граѓанин од нашиот сосед кога ќе ги прочита овие независни позиции на нивниот сојузник од тоа време-Германија, би требало да почуствува непријатност од она што денес дел од нивните политичари го говорат и прават на Македонија и би требало да им каже: запрете!!!
(авторот наведувајки дека содржината е изворна посочува дека е дел од илјадници документи до кои дошол за време на истражувањето во Архивот на Германија за кои подготвува книга. Конкретно за овој дел иворот кој го наведува е: Archiv des Auswärtigen Amts, Mikrofilm 4530. Tagebuch. Nr. 5814/10.43 III Fg.r. 7.10.43. Anlage zu Abwehrstelle Belgrad.. Anlage zu Abwehrkommando. Belgrad, den 28.09.1943)