Се сеќавате на Андријана Станковска од Велес, која е вистински уметник кога е во прашање шминката?
Нејзината работа е многу повеќе од обична шминка и слободно може да се каже дека таа создава вистински уметнички дела. Голема популарност стекна и со нејзините трансформации, кога со помош на шминката, успева да се претвори себе во Голум од „Господар на прстените“, во Џек Николсон, опседната кукла, Мистер Бин, Пинокио…
Овојпат таа изненади со една несекојдневна трансформација, во една од најпопуларните политички фигури на македонската политичка сцена, осудуваниот поранешен премиер во бегство, Никола Груевски.
Мора да признаеме дека тоа го изведе максимално професионално и маестрално (видеото се наоѓа на вториот слајд од оригиналниот инстаграм-пост):