Статус на Никола Груевски по повод денешниот ден 23 октомври, денот на македонската револуционерна борба!
“Македонија има четири датуми кои ги слави како свои национални празници а со тоа и неработни денови, за пет клучни историски мигови во добивањето слобода и создавањето на држава и независност: 23 Октоври 1893 година, 2 август 1903 и 1944 година, 11 Октомври 1941 година и 8 септември 1991 година.
Што е 23 Октомври 1893 година?
Во една сложена и тешка, долго време напластувана политичка, економска, социјална и безбедносна ситуација во периодот 1892-1893 година, во услови на многу неправди, потчинетост и пониженост на христијанското население во Македонија, дејствување на разбијнички банди кои го пљачкосувале населението со подршка на властите и беговите, лихварство на кое биле принудени да се потчинат и од чија мрежа неможеле да излезат, експлоататорски даноци од државата и од чифликсајбиите, што ги принудувале скоро сите семејства барем еден член на семејството да пратат во печалбарството за таму да остане долго години за да може неговото семејство да преживее и да ги плаќа даноците и лихвите, многу слаби државни институции на османлиската империја и неправда на секој чекор, започнува едно политичко зовривање, едно течение, едно движење во солунската егзархиска машка гимназија Св. Кирил и Методиј.(Бугарската егзархија како автохефална црква е создадена во 1870 година и е преименувана во бугарска православна црква во 1950 година).
Македонската средношколска и студентска младина е полна со револт против турската теократија власт, која произволна деспотски власт ги игнорира најелементарните човекови права држејќи ги христијаните во нај понижувачка состојба. Таа младина наоѓа поле за своја револуционерна акција со која им дава смисла на своите револуционерни идеи, поттикнати од револуционерната социјалистичка, анархистичка, и слична литература. Независно што таа литература се однесувала на други општества, мотивот да се внесе револуционерниот бунт во Македонија, на сите тие струи на млади интелектуалци, Македонија им се претставувала како земја која е пример за општа и комплексна неправда и во која не постојат елементарни човекови права а постојат сите неправди спроведени до крајност на нај загрозувачки и нај понижувачки начин. Така во Македонија се изградуваат многу млади национал револуционери, социјал револуционери, анархисти и припадници на други текови.
Истовремено бугарската, српската и грчката пропаганда со своите црковно – просветни дејности го делеле народот во Македонија и го загрозувале неговиот национален индивидуалитет.
Пропагандниот натпревар требало да обезбеди повеќе грчки, бугарски и српски национални приврзаници во Македонија со цел во погоден момент при распадот на Османлиската империја кој веќе се чуствувал дека е блиску, требало да послужат како ванатрешни нацинални сојузници и еден вид алиби за нивните територијални претензии во Македонија.
Во тој контекст е и писмото на Митрополитот Теодосиј Гологанов од 22. 06. 1891 година, испратено до проигуменот Дионисиј, во кое пишува: Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат.
По дипломирањето на медицинскиот факултет во мај 1892 година, Христо Татарчев заедно со својот братучед Божидар веќе во јули истата година се враќа во Македонија од Цирих во првите три години од студирањето, а потоа во Берлин каде ги продолжиле и завршиле студиите на универзитетот “Фридрих Вилхем” каде дипломирале на медицина а веќе во септември истата година е поканет да стане лекар во солунската егзарска гимназија. Тој доаѓа во Македонија веќе со едно искуство од Цирих каде веќе го поттикнал формирањето на студентското балканско друштво “Лозари” создадено со цел да биде пропагирана идејата за зближување на балканските народи врз правото на полна политичка слобода и слободен културен и национален развиток. Тој доаѓа и со едно огромно животно искуство во слободни, напредни и европски држави со далеку понапредно владеење на правото, веќе трансформирани во негов копнеж за слободна Македонија во која ќе владеат правдата и законот и во која ќе има ред и напредок.
Татарчев имал и сериозни склоности кон филозофијата, кон нејзините фундаментални и вредносни системи и принципи. Блиски му биле делата на Дарвин, Бока, Шлосер и други кои го влечеле кон системите на идеите и кон судовите за нив како нивна проверка низ бурниот и противречен живот на луѓето и на општествата но и тој и сите други од таа млада генерација на интелектуалци се веќе сведоци на ослободувањето на Бугарија и на соединувањето на источна Румелија со кнежеството, што значи сведоци на успесите на некои балкански народи и вознемирени од положбата на оние кои останале во Османлиската империја со ист статус.
Прифаќајки ја поканата за работа во Солун тој се нашол во средиштето на настаните поврзани со Македонија и во политичкиот вриеж во кои главно место има солунската егзархиска гимназија и солунските општинари и првенци. Со Даме Груев се запознал кога тој побарал од него лекарска помош во август 1893 година. ”