Интервју со министерот за правда Бојан Маричиќ
Изминаа првите 100 дена од новата влада, таканаречениот „меден месец“ на секоја власт. Граѓаните очекуваат подобрување на владеењето на правото и правната држава, кои области во правосудството се најитната зона на реформите на кои ќе дејствувате?
Задоволен сум од тоа што Министерството за правда го постигна во првите 100 дена. Дозволете ми да кажам дека само во овој период успеавме да ги намалиме судските такси за цели осум пати, односно граѓаните што досега плаќаа и до 48.000 денари такси, со новиот закон нема да платат повеќе од 6.000. Целта на оваа мерка беше да ја направиме правдата подостапна за граѓаните, што е наше предизборно ветување. Дополнително, Законот за попис на населението, домаќинствата и становите е во собраниска процедура и наскоро очекуваме да биде усвоен. Завршен е проектот за изградба на новиот Воспитно-поправен дом – Тетово, во кој според сите највисоки стандарди ќе бидат сместени децата што се во судир со законот. Тоа што ни претстои е да се донесат уште неколку закони и особено важно за целиот правосуден систем е усвојувањето на методологијата за филтрација на судството и Обвинителството, со кој очекуваме Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да направат филтрација во своите редови. Исто така, потребна е подобра имплементација на веќе донесените закони и на тоа континуирано и интензивно работиме.
Поради опасностите што со себе ги носи пандемијата на ковид-19 по здравјето на луѓето, колку е можно во Македонија да видиме спроведување на судски процеси онлајн ако се знае дека досега во кавадаречкиот суд беше спроведен еден таков процес?
Пандемијата на ковид-19 беше своевиден катализатор на дигитализацијата во повеќе сектори. Судството како еден од најважните составни делови на секој систем мора да ги следи современите информатички текови, не само поради спречувањето на ширењето на заразата во судовите и обвинителствата туку и да се овозможи редовен и квалитетен тек на судските процеси.
Повеќе >> Нова Македонија