Реакција на проф. Тони Науновски за последната колумна на Драган Павловиќ – Латас, каде што Латас го спомнува професорот поврзувајќи ги неговите пишани статуси на Фејсбук со скорешните парламентарни избори.
Извадок од колумната на Латас:
Кога општеството ќе покаже вакви знаци на дезориентација и политичко лудило, она што се случи на изборите е само логична последица на таа состојба: власта на Заев да му ја оспоруваат неговите гласачи и да го бојкотираат, а власта на Заев да му ја дадат со бојкот гласачите на ВМРО ДПМНЕ. Некои од оние што по Фејсбук се курчат дека се големи вмровци, како Тони Науновски, објави дека ќе части заради поразот на ВМРО и ќе се напие од радост. Пиењето ќе му го плати Заев, а потоа мамурлукот ќе му трае четири години.
Реакцијата на проф. Науновски:
Латас нешто ме озборува, клевети, по име и презиме, но имам разбирање во каква лоша психичка состојба е после поразот, па ќе го игнорирам, како впрочем и досега. Поголеми глупости одамна не сум прочитал, погрешни анализи, а и многу непристоен вокабулар има, плус почнал и на албански да пишува :).
Доволно е само да го прочитате ова –
„Дали Мицкоски би прифатил Насер Зибери да биде премиер во влада на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ? Одговорот треба да дојде од неговите, а прашањето до вмровците е: Дали сакате Насер Зибери да биде премиер со СДСМ или со ВМРО ДПМНЕ?!“
И ова –
„…некако се наметнува широка влада до октомври 2021“
и се е кажано – Латас имплицитно заговара вмро дпмне да направи влада со дуи и да им даде албанец премиер.(??!!!) Алтернативно, да има широка влада.(мало сутра, што би рекол Заев)
Бидејќи немам намера да губам време на небитни ликови и будалаштини, убав е денов за скара правење, само накратко да му одговорам:
Латасе, за поразот на вмро дпмне од сдс (патем 46 :44 е, не 46:46, тоа се ефтини финти за деца и малоумни), виновно е раководството – немањето на ВМРО идеологија, опортунизмот, колаборационизмот, лошите листи со Гога јога, Сафет, Иванка, Тимчо итн. Потоа, валканата медиумска пропаганда за која придонесоа вечер, курир, република, експрес, лидер итн..од која на секој пристоен човек му се гадеше, од таа заслепеност за власт без оглед на се, и други работи за кои сум пишувал и зборувал.
Точно е дека се радував на поразот на мицковистичкото дпмне, но сам си ги купив пијалоците и месото за скара. Јас работам како професор по етика, а тебе, не знам кој те плаќа.
За разлика од тебе, Латасе, што нудиш албанец премиер за дпмне да дојде на власт, што патем кажано нема да се случи, затоа што сдс ќе направи влада а не Мицкоски кој деновиве ќе мора конечно да даде оставка, јас предлагам друго излезно решение:
Пратениците на вмро дпмне да ги вратат мандатите односно поднесат неотповикливи оставки, по што ќе има политичка криза која може да резултира со нови избори, на кои со нов Претседател на вмро дпмне и ново раководство, потоа обединување на десницата итн., може да победи. Ова и вакво вмро дпмне, како што стопати сум кажал и напишал, нема никогаш да го победи сдс, затоа што, најпросто кажано, не е ВМРО.
Фино што ќе одиш на одмор, јас сум на одмор од 15-ти :), Латасе.