,,Косово ќе влезе, Србија ќе излезе, а ние ќе останеме во голема Албанија, наместо во ЕУ. Сите иницијативи кои доаѓаат од еу и САД за поврзување на западниот Балкан ја имаат таа цел. Само слеп тоа не може да го види.”, вака професорот Тони Науноски ја коментира статијата која ја објави порталот Фактор, а во која се вели:
,,Ричард Гренел, пратеникот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за разговорите меѓу Белград и Приштина, ја поздрави иницијативата за балкански шенген истакнувајќи дека таа иницијатива би можела да биде успешна ако ги вклучи сите од регионот, па и Косово, пренесува „Спутник“.
Американската амбасада во Германија ја поздравува иницијативата „мини-Шенген“ меѓу земјите од Западен Балкан, но препорачува и учество на Косово во неа. Дипломатската мисија на САД утврди дека успехот на иницијативата на лидерите на Албанија, Северна Македонија и Србија зависи од присуството на косовската влада.
До 21 декември, кога е закажана следната средба на иницијативата „мини-Шенген“ во Драч, на Косово не се очекува да има функционална Влада. На прашањето дали косовскиот претседател, Хашим Тачи, ја разгледува можноста за учество во Драч, од неговиот кабинет изјавија дека Тачи не го променил својот став.
Иницијативата „мини-Шенген“ започната во Нови Сад помеѓу Србија, Албанија, Северна Македонија, Босна и Црна Гора. Самитот продолжи во Охрид, каде лидерите Еди Рама, Зоран Заев и Александар Вучиќ ставија потпис на идејата за спроведување на заедничките регионални мерки за движење на луѓето, стоките, капиталот и услугите.”