Статус на Мирјана Најчевска:
,,Македонскиот народ секогаш бил на маргините на историјата. Секогаш каскал некаде на опашката на случувањата. Последен се дигал на револуции, последен формирал држава, последен исчекорувал од еден во друг век. И се некој друг му бил крив. Некој од надвор.
Последните претседателски избори покажуваат дека ништо не сме научиле од грешките на минатото и дека и понатаму ќе бидеме последен привезок на некои пошироки процеси.
Толку народ да гласа за кандидат кој е поддржан од партија која нема врска со демократија и владеење на правото и која нема допирна точка со современите цивилизациски развојни трендови, за кандидат кој е спремен да прифати и да настапи како претставник на религиозно-патријахално националистички вредносен модел, зборува за исклучително ниско развојно ниво на тој народ.
Толку народ да гласа за кандидат кој очигледно тресе глупости и кој нема врска со реалноста. Толку народ да гласа за кандидат кој живеел и живее во стаклено ѕвоно и нема појма што навистина се случува во државата. Малку е застрашувачки.
Жалам ама изгледа нема баш голема шанса да мрднеме од ќенефот во кој сме удобно заседнати. И не, не ни е никој крив. Сами сме си одговорни за се што ни се случува.”