Професорката Мирјана Најчевска реагираше на фејсбук по изборот на за еден од потпретседателите на СДСМ, Коста Петров , кој изјави дека негов адут е – немањето искуство во политиката
„Немањето искуство во балетот беше и мојот најголем адут во мојот прв настап во улогата на белиот лебед. Не знам зошто уште не сум поканета да ја продолжам мојата кариера како балерина. Можеби затоа што сега имам преголемо искуство“, напиша Најчевска на Фејсбук.
Коста Петров на социјалните мрежи сподели: „Тешка е одлуката да се приклучам во политиката, но тоа што досега немам искуство во политиката го сметам за свој адут, бидејќи точно ја знам мојата цел без никакви политички калкулации“.
Централниот одбор на СДСМ синоќа одлучи да бидат избрани пет потпретседатели на партијата: Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски.