Изминативе два дена, сведоци сме на отворена полемика на социјалните мрежи, меѓу двете универзитетски професорки, Мирјана Најчевска и Тања Каракамишева. Ова е последниот статус на Најчевска:
Проблемот е што независно од ниското ниво на кое комуницира (таа белата голема птица) јас уште првиот пат одговорив на поставеното прашање. Еве ова го одговорив:
“И да, голема бела птицо, употребата на спомнатите изрази со кои се врши дехуманизација на одредена група луѓе заради нивната партиска припадност е говор на омраза. Тие се дел од атмосферата која ја градеше ВМРО-ДПМНЕ националистичка и ти мила моја голема бела птицо како нивни барјактар.“
Ама треба да знаеш и да читаш освен да гракаш.
И, самото тоа што таа голема бела птица не разбрала каков облик на протест и која порака се испраќа со моето играње балет, зборува за нивото на интелегенција кое никако не смее да биде занемарено кога станува збор за професор на факултет.
Тоа што големата бела птица не ја разбира разликата меѓу интелектуалец и партиски мегафон, исто не ме чуди. За да се направи таква разлика треба навистина да имаш и сива мождана маса, а не само бела. Интелектуалците толкуваат и опоменуваат и оспоруваат, а партиските мегафони само го шират словото на вождот.
Тоа што големата бела птица не прави разлика меѓу пораките на Шарената револуција и говорот на омраза (се надевам дека некој ќе и го прочита ова за да не тресе и понатаму зелени) на поединци е сосема очекувано и неизбежно. Големите бели птици не можат да разберат вакви работи.
И немам намера понатаму да и посветам ни време ни простор на големата бела птица. И ова беше премногу.