Ви гарантирам дека ниту во текот на мојот живот, дури и понатаму, ниту еден граѓанин на оваа земја доброволно или природно нема да го користи новото име, рече меѓунарониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, во изјава за грчката телевизија „Скај“.
Муцунски најави дека со формирањето на новата влада, приоритет на оваа земја ќе биде ставањето на Македонија на брз пат кон членство во ЕУ и повторно отворање на прашањето за самоопределување кое е целосно негирано со Договорот од Преспа.
Многу е полесно да се направи кога сте во клубот, кога сте на исто рамниште со сите други земји-членки на ЕУ. Можноста во рамките на правни средства постои и многу зависи од конечниот исход на самите избори, изјави Муцуцнски.
На прашањето на водителите зошто во разговорот Муцунски постојано вели Македонија и зошто не го користи новото име на земјата, тој додаде дека тоа никогаш нема да се промени.
Ви гарантирам дека ниту во текот на мојот живот, дури и понатаму, ниту еден граѓанин на оваа земја доброволно или природно нема да го користи новото име. Тоа потекнува од, како што реков, основното право на самоопределување, но и фактот дека никој не може да негира што сум, јас сум Македонец од Македонија. И мислам дека ниту културолошки, лексички или во која било друга форма, ова нема да се промени во оваа земја, нагласи Муцунски.
https://www.youtube.com/watch?v=P5uBjGwY598