Дали т.н. Мериот коалиција ќе даде поддршка на најавениот протест на 2 ноември пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ? Таа дилема треба да биде расчистена во текот на денешниот ден.
Митко Јанчев, поранешниот Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ прв реши да ковертира потег. Да игра со бели фигури. Доцна синоќа тој на својот фејсбук профил најави протест за 2 ноември за оставка на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Јанчев тоа го објави вечерва на својот фејсбук профил: Митко Јанчев-Градоначалник на општина Кавадарци.
Фејсбук статусот на Јанчев го објавуваме во целост:
Почитувани,
Митко Јанчев, претендент за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, повикува на мирен протест на 02.11.2020 година ( понеделник ) во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ( Белата палата).
Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицковски.
Инаку, во последната емисија Во Центар, Јанчев ја најави својата кандидатура за лидер на партијата:
Градоначалникот на Кавадарци и поранешен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев изјави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО ДПМНЕ бидејќи партијата оди во погрешен правец и бележи само порази на политичката сцена.
Според Јанчев мора да се прекине со праксата лидерот на партијата да биде избран или поставен од мала група луѓе и потоа тој да им биде должник и да работи за нивните интереси. Јанчев смета дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ треба да биде избиран со гласање на целокупното членство.
Јанчев уште на 16 јули, еден ден по изгубените избори, побара оставка од Мицкоски.
Нормално е да се постави прашањето за промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време за ова прашање. Ова се последните изгубени избори, четврти по ред: Мицкоски загуби на локалните избори, го загуби референдумот, претседателските и сега парламентарните избори, вели за бугарската агенција Бгнес градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, откако неговата партија ги загуби предвремените парламентарни избори.
Потоа целата работа околу промените во партијата беше превземена од т.н. Мериот коалиција предводена од Сашо Мијалков. Тие му дадоа неколку рокови на Мицкоски но тој не поднесе оставка на лидерската позиција.
Беше оформен иницијативен одбор за вонреден Конгрес на партијата но остана тоа прашање да се реши по вонредните градоначанички избори во Штип на 13 декември.
По објавата дека Сашо Мијалков е позитивен на корона работата на мериот коалицијата како да се пасивизираше.
Поранешниот заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, Петар Богојески во интервју за емисијата Во Центар изрази сомнеж дека Мијалков сака да му помогне на Мицкоски да остане на чело на партијата како “негово дете” кое го направи Претседател на Конгресот во Валандово во декември 2017 година.
Затоа ќе биде важно да се виде дали Јанчев ја има реалната поддршка од мериот коалицијата и како во тој триаголник: Митко Јанчев, Ивица Коневски и Никола Попоски ќе бидат разрешени ледерските разврски.
Од сите нив Јанчев прв реши да игра со бели фигури и да го има првиот потег што во шахот е секогаш предност. Ќе видиме дали и во политиката? Но сега мериот коалицијата ќе мора дефинивно да одлучи дали ќе ја стави машината во петта брзина или уште ќе тактизира!?
Извор: Vo Centar