ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори оди со разиедниетото членство од голем број функционери кои беа на високи позиции, но беа отстранети или сами си заминаа од партијата. Најголем дел од нив посочуваат дека ова може да биде и камен на сопнување за лош изборен резултат, расцепкување на гласовите или пак поради незадоволство голем дел од членството да не излезе на гласање, а партијата да го доживее „фијаското“ од минатите локални избори. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжи да се движи по истата траса, ќе биде многу тешко партијата да издејствува победа, изјавија дел од нив за „А1он“.
Митко Јанчев градоначалникот на Кавадарци кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но е надвор од органите на партијата заради несогласувања со раководството, за „А1он“ изјави дека повторно ќе се кандидира за градоначалник и неговата кандидатура ќе ја поднесе во партијата.
Јанчев вели дека не знае дали ќе ја добие поддршка од партијата, но и доколку му свртат грб тој ќе оди сам на изборите.
„Јас сум ВМРО-ДПМНЕ и никогаш идеолошки не сум се откажал од тоа. Мојата кандидатура ќе ја поднесам, а нивно е дали ќе ми дадат поддршка. Во мојата општина имам одличен рејтинг и самите граѓани ми кажаа дека ќе ми се налутат доколку не се борам за втор мандат. Не сакам да ги изневерам ниту луѓето кои ме поддржуваат, ниту пак моите сопартијци. ВМРО-ДПМНЕ губи ако им го врти грбот на луѓето кои уживаат доверба кај гласачите и редно е оваа раководство да го разбере тоа. Никогаш не сум се откажал од ВМРО-ДПМНЕ и нема да го направам тоа, но кога треба да се критикува повторно ќе го правам тоа и јасно ќе го изнесам својот став“, вели Јанчев за „А1он“.
Повеќе >> a1on.mk