Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и еден од противниците на лидерот Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ, За Фактор потврди дека би се кандидирал за лидер на партијата, доколку на вонредниот конгрес кој се најавува за 28 март, мнозинството од делегатите му изразат недоверба на актуелниот челник на партијата.
„Овој конгрес што го закажа Иницијативниот одбор е само за изразување доверба или недовреба на актуелниот лидер Христијан Мицкоски. Ако се изгласа недоверба за Мицкоски, тогаш треба да се свика нов конгрес, на кој ќе се пријават кандидати за нов лидер на партијата. Секој има право да се пријави и со своја програма да излезе пред делегатите“, вели за Фактор Митко Јанчев.
На нашето прашање дали тој би се кандидирал за нов лидер на сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој одговара потврдно.
„Да, доколку на вонредниот конгрес му се изгласа недоверба на Мицкоски, јас би се пријавил за нов лидер на партијата. Со своја програма ќе излезам пред членовите на партијата“, вели Јанчев.
Инаку, неодамна од Иницијативниот одобор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека имаат обезбедено двотретинско мноизинство, што е неопходно за конгресот да биде легитимен.
Ивица Коневски од Иницијативниот одбор рече дека конгерсот кој тие го закажаа во март ќе биде легитимен, зашто е поддржан од две третини од делегатите. Тој нагласи дека на самиот конгрес ќе го поканат и актуелниот лидер Христијан Мицкоски.
„Вондреден конгрес го сочинуваат сите делгати од последниот конгрес. Потребно е две третини од тие 500 делегати да учествуваат во вонредниот конгрес за тој да биде легитимен. Ние таа поддршка веќе ја имаме и затоа го закажавме вонредниот конгрес. Целта е да се бара одговоротст од актуелниот претседател за изборните порази, идејата е да се дискутира, и ќе биде поканет и претседателот. Доколку ги убеди дека тој не е виновен за поразите, ќе добие доверба. Се надеваме дека партијата ќе излезе уште посилна и целта е обединување и партијата да се врати на победите, на старите патеки кои ги заслужува. Видовме дека во минатото партијата ја водеше државата во еден вистински правец и се надеваме дека ќе се вратиме на таа победничка партија“, рече Коневски.
Инаку, за да се изгласа недоверба на актуелниот лидер, потребно е за тоа да гласаат 50 отсто од запишаните делегати, плус еден делегат.
Според очекувањата на Митко Јанчев, на конгресот на 28 март, сегашното расположение говори дека ќе се изгласа недоверба за сегашниот лидер Мицкоски.
Повеќе >> faktor.mk