Денеска сме тука во Гази Баба заедно со пратеничката Дафина Стојаноска, со Жаклина Пешевска исто така пратеничката од Гази Баба, со претседателот на општинскиот комитет Бобан Стефановски, и многу други активисти на ВМРО-ДПМНЕ, но и многу граѓани со кои денеска сакаме да разговараме за повеќе теми.
Денеска ќе пробаме со повеќе целни групи да се видими и да разговараме со пензионерите, да разговараме со здравствените работници, но сепак овие средби се на отворено со не толку многу народ бидејќи знаете пандемијата е околу нас, знаете вакцини дека нема, заради тоа пробуваме овие средби да ги одржуваме постојано, но да бидеме се разбира внимателни.
Моментално во Македонија нема вакцини, секој месец слушаме дека ќе стигнат, ни никако да стигнат. Во Македонија нема капитални проекти. Во Македонија нема реформи. Во Македонија има само еден голем срам, има една срамна Влада која што не срами насекаде каде и да отиде, што и да направи.
Затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ ветивме и во минатото, и јас како носител на изборната единица 2 ветив и кажав дека постојано ќе доаѓам тука на терен да разговарам со граѓаните. Знаеме дека сме спречени од пандемијата, знаеме дека треба овие средби да бидат да кажам со помалку граѓани, но мораме.
Повеќе >> Слободен Печат