Директорите на зоолошка и затворот во Шуто Оризари ги прекршија протоколите и гледаа раДиректорот на зоолошката градина, Ѓорги Галетановски, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов, пратеникот Дарко Каевски и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, спротивно на протоколите за заштита од коронавирусот, со физичко присуство во сала го следеа натпреварот на македонската репрезентација против светскиот шампион Данска.
Тие објавија и заедничка фотографија на социјалните мрежи. Градоначалникот Темелковски и пратеникот Каевски велат дека добиле покана од Ракометната федерација на Македонија. Но, генералниот секретар на федерацијата, Филип Милошоски, се оградува од упатување каква било покана. Согласно протоколот за организирање спортски натпревари во услови на пандемија, натпреварите се одржуваат без присуство на публика.
„Како федерација апсолутно и максимално ги почитуваме сите здравствени протоколи и превентивни мерки. Јас како генерален секретар на РФМ се оградувам од упатување каква било покана. На останатите прашања навистина немам што да одговорам. Во моментов целото внимание ни е фокусирано на подготовките за утрешното заминување на реваншот во Алборг“, вели Милошоски за „А1он“.
Наспроти Темелковски и Каевски, кои кажаа дека добиле покани, Галетановски не сакаше неговите одговори на прашањата од „А1он“ да бидат јавно објавени, додека Андов не одговори ниту на пораката. Галетановски во телефонскиот разговор најпрво раскажа како успеал да влезе на натпреварот, но потоа посочи дека тоа што го кажал не е изјава за во јавност.
Повеќе >> a1on.mk