Однесувањето на политичката партија Левица, особено на нивниот лидер Димитар Апасиев, по завршувањето на изборите и освојувањето на два пратеника од нивна страна, е тема на разговори во многу коментари на социјалните мрежи.
Сè повеќе луѓе, кои јасно се декларираат дека гласале за Левица, но и оние кои не гласале, велат дека народ не дава глас на партија за да ги кочи процесите, туку напротив, да им се решаваат проблемите.
Првиот потег на сега веќе парламентарната партија Левица, беше поднесувањето скоро две илјади приговори до ДИК, кои им беа експресно одбиени со образложение дека ги доставиле без потпис и печат.
Инетересно беше образложението на професорката Мирјана Најчевска, која е зачудена како е можно толку брзо да бидат подготвени 1900 приговори:
„Партијата која се нарекува Левица поднела 1900 приговори во врска со изборите спроведени на 15.07.2020 година. Браво. Со ова партијата која се нарекува Левица покажа дека има неверојатни (некој би рекол – волшебни) капацитети.
Според Изборниот законик (член 147) “Приговорите се поднесуваат во писмена форма и содржат:
– место, време, опис на направената повреда, сторителот и доказите на кои подносителот се повикува;
– име, презиме и потпис на подносителот на приговорот, односно на овластениот претставник и
– електронско сандаче за прием на писмена.“
Вака поставен процесот за поднесување приговори, временската рамка во која треба да се даде приговорот и имајки ги предвид пречките кои се појавуваат при прибирањето на доказите, сам по себе го отежнува и го прави скоро невозможно поднесувањето на приговор.
Замислете сега во вакви услови да подготвите 1900 приговори (1900 страни) со опис на направената повреда и претходно прибрани (посочени) докази на кои се повикува подносителот за секој индивидуален случај.
Ви дозволувам сами да пресметате колку време, човечки капацитети и други ресурси се потребни за ваков подвиг. Со ова никако не мислам да кажам дека нема место за приговори на изборниот процес и работењето на ДИК.
Само од секогаш ме интересирале волшепства и волшебници. И малку ме загрижува, дали со ова партијата која се нарекува Левица наговестува како ќе делува во Собранието и дека повторно ќе бидеме сведоци на блокирано Собрание заради поднесени илјадници амандмани.“
На тема приговори, со свој статус се произнесе и Роберт Милевски:
„Ај да ви објаснам за Апасиев, пошто гледам дека некои не ме разбравте, а приметувам ве фура еуфорија. Апасиев вели: “Филибастеринг се правело без печати”. Е сега вака, грешка треба да се признае, а не да се филува во глупости.
Не сме мали деца, и ние разбираме по нешто. Не сме сите со просек 10.0, но еве и некои од нас со просек 9,2 сфаќаме кога некој нè вози.
Филибастеринг е техника на затрупување на некој орган со премногу барања, за да се добие на време. Техниката доаѓа од САД, а се користи од страна на конгресмени и сенатори кои се противат на некој закон, користејќи ја можноста за бесконечно време за дискусија.
Оваа техника најчесто се користи пред Конгресот да оди во пауза, и тогаш законот не може да помине. А што доби Левица? Цели 2 минути (је бо те) во кои веднаш им ги отфрлија жалбите како технички неисправни.
За да направеше Апасиев успешен филибастеринг, требаше барем приговорите да ги поднесе законски, односно со печат и потпис, за потоа ДИК да мора да ги разгледува поединечно.
Но, очигледно во брзање направиле основна грешка, и наместо да ја признаат, да се изразам во негов стил, се к ур чат што направиле.
Интересно ќе биде доколку и Управниот Суд им ги одбие жалбите затоа што правилно не ја искористиле првата инстанца за жалба, т.е. Државната Изборна Комисија. Така да дечки, намалете.. но ваше право..“