Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, за „Лајм ТВ“ ја потврдил автентичноста на фотографијата со Артан Груби од ДУИ, која порталот на албански јазик ја објави попладнето.
Сепак, Мијалков рекол дека фотографијата е стара, односно дека иако е објавена денеска, средбата во eден скопски хотел со Груби се случила претходно.
Објавувањето на оваа фотографија од Мијалков и Груби се случува на денот кога превирањата во ВМРО-ДПМНЕ земаат замав.
Оставка од Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ побара денеска Иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ. Бараат да се свика нов конгрес на кој треба да се избере нов претседател.
На прес – конференцијата беа присутни Ивица Коневски, Жика Стојановски, актуелниот градоначалник на општина Илинден, Петре Латиновски, поранешен градоначалник на Бутел.
Извор: Фактор