Мицкоски направи пресврт: Ги имам записниците од „Рекет“ – таму го нема моето име, но има имиња од власта

Оваа власт веќе трета година прави низа на случаи од размери на „Рекет“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Свиркачи ги доставија изказите на сведоците за „Рекет“, кажа Мицкоски и додаде дека во нив се наоѓаат многу имиња од власта, но неговото име го нема. Овие документи ќе бидат објавени доколку постои интерес во јавноста, но засега не, со цел да не се повреди истрагата.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ предложи новото СЈО да биде задолжено за сите криминални постапки, но власта бидејќи сака да се заштити тој предлог не го прифати.

ВМРО-ДПМНЕ сакале и предметот „Рекет“ да биде дел од новото Обвинителство, но СДСМ не се согласиле, бидејќи тоа било предмет на сегашното. Тоа за Мицкоски нема никаква логика.

Патувај со нас, резервирај сега! Booking.com
SHARE