Бујар Османи, министерот за надворешни работи, на денешната прес-конференција за Берлинскиот процес рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му наштетува на преговарачкиот процес на Македонија со ЕУ со изјавата дека Бугарија бара нов договор за добрососедство.
– Во преговарачкиот процес е многу важна и соработката со опозицијата. Мицкоски го има мојот телефонски број. Тоa треба да остане во институциите. Основната порака за да докажам дека нема конспирација е изјавата на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, по нашата средба, рече Османи денеска одговарајќи на новинарско прашање.
За шефот на македонската дипломатија добро е тоа што интердисциплинарните комисии од бугарско-македонскиот мешовит комитет за историски и образовни прашања продолжува со работа во Скопје.
– Ги охрабруваме да најдат заеднички точки на размислување. Тие до сега се сретнаа двет пати, а инаку еднаш или два пати годишно во просек е ваквите интердисциплинарни комисии да се сретнуваат во ЕУ, наведе Османи.
Министерот рече дека за една земја да се интегрира целосно во ЕУ просечно треба да мине низ 130 „филтри“ за кои е потребен целосен консензус од сите земји-членки.
Извор: НоваТВ