Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го продал својот удел во компанијата Енерготек, содружник во правното лице што доби концесија за три мали хидроцентрали, за сума од 700 евра, објави неделникот Фокус
Мицкоски на 29.07.2019 година склучил договор за продажба на својот удел на Жан Чупаркоски од Прилеп.
Според Фокус, Мицкоски поседувал удел од седум отсто во Енерготек, а тој свој удел тој му го продава на Чупаркоски за надомест од 700 евра или 43.400 денари.
Чупарковски е човек кој важи за близок на бизнис факторот или бизнис лобито во Прилеп. Инаку, еден од содружниците во компанијата Енерготек е Сашо Наумоски, генералниот директор на Витаминка.
Јавна тајна е дека јавно или тајно Наумоски и неговата компанија се едни од главните финансиери на ВМРО ДПМНЕ.
Но интересно е дека братот на Чупраковски, на кого Мицковски му ги продал своите акции за изградба на мали хидроцентрали, е близок роднина на градоначалникот на Кавадарци и поранешен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев.
Имено, братот на Чупаркоски е сопруг на сестрата на Митко Јанчев, а неговиот син е дел од кабинетот на Јанчев.
Тоа е интересна комбинација бидејќи Јанчев важеше за човек кој сака да го смени Мицкоски на кормилото на ВМРО ДПМНЕ, што на целата работа фрла малку поинаква светлина.
Извор: Vo Centar