Во кабинетот на на Ангела Меркелво Берлин во 9:30 часот почна средбата на германската канцеларка со Зоран Заев. Меркел го пречека премиерот во сино сако.
Според аналитичарите, изборот на бојата на сакото на германската канцеларка никогаш не е случаен, туку со него се испраќа порака соодветна за средбата и видот на разговорот.
Стилот на Меркел дури и Карл Лагерфелд го опиша како сосема во ред. Таа најчесто носи пантолони со рамни ногавици, продолжено сако со три копчиња и сечени џебови. Косата и е кратка, накитот дискретен, шминката невпечатлива и носи рамни чевли.
Меркел ги менува само сакоата, односно боите и тоа зависи од средбата и од видот на разговорот. Виолетово и розово сако е за помалку формални средби, каде што нема тешки теми за разговор.
Крем боја и бело Меркел нос кога сака да испрати порака за мир, сино кога треба да делува сериозно, но не и строго. За такви, сериозни прилики е резервирана цранта боја. Зелената боја е боја на оптимизам, но и на смиреност, пишува „Мондо“.
Моделот на нејзиното познато сако го смисли дизајнерката Бетина Шонбек и тоа го дури во 90 нијанси. Да ѝ се најде, во секоја прилика.
Според овие анализи, Меркел носи сино сако кога треба да делува сериозно, но не и строго.
Од денешната средба Заев очекува поконкретни информации дали Македонија може да се надева на одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ летово или наесен.