И покрај тоа што бавно се чекори кон напредок, Скопје и Софија продолжуваат со усогласувањето на ставовите околу отворените прашања. Министерот за надворешни Османи вели комуникацијата продолжува.
На состанокот со бугарската колешка Захариева пред два дена во Софија вели Османи имале долг и конструктивен разговор со фокус на секторската соработка. Истакнува дека за одржување на меѓувладина конференција неопходно е прво усогласување на Акцискиот план, а тоа ќе се постигне доколку веќе постоечкиот договор се користи како механизам за надминување на разликите.
„Мислам дека се повеќе од бугарска страна се потврдува таа интенција дека само Договорот е решението, а Договорот има јасни утврдени насоки кои се разликите и како треба да се надминат разликите. Мислам дека отворање на дополнителни прашања не е во интерес ниту на двете страни,ниту на процесот, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Според Османи, за следниот чекор, неопходен е и напредок на мешовитата историска комисија, која што вчера го заврши дводневниот состанок, но не направи значителен чекор напред. Но, според Османи сепак средбата ја цени како добра основа за понатамошни разговори и смета дека сепак но не можеме да очекуваме спектакуларен резултат по секоја средба. Комисија вчера на дневен ред ги имаше забелешките во учебниците по историја во делот на средновековието, како и заедничко чествување на Гоце Делчев. Но, според информациите од МНР, остануваат големите разлики во однос на историското образование, а до темата за Делчев воопшто не се ни стигнало.
Повеќе >> kanal5.com.mk