Среде пандемија што го тресе светот, кога умираат луѓе, наши сограѓани секој ден, Димче Дрндупка и неговата амандманска маша Крмов сакаат да направат амандманско Монти Пајтон шоу во Собранието. А зошто?
Замислете, не за да тераат социјална правда, работнички права, па дури и „лев“ национализам да беше…
Не драги мои. Го прават тоа за да спречат можност Собранието да работи и да биде функционално во пандемијава, да може да одлучува брзо.
Левите дрндупки во Парламентот сакаат да спречат можност пратениците кои би биле заразени од КОВИД-19 сепак да можат да учествуваат онлајн во работата и да придонесат во дискусијата и одлуките кои треба да се носат, да го остварат суверенитетот што според член 2 од Уставот им го делегираат граѓаните на избори.
Замислете. Во цел свет парламентите се адаптираат на ситуацијата и овозможуваат онлајн работа. Шпанскиот парламент, меѓу првите одлуки што ги донесе онлајн беше ратификацијата за наше членство во НАТО алијансата. Во многу земји, владата и опозицијата работат здружено за да се надмине исклучително тешката состојба…
Повеќе >> ЦивилМедиа