Клопчето се одмотува…
Мијалков и Јанкуловска се ослободуваат фазно од обвиненијата, едно по едно…
Груевски … исто така, заедно со најблиските од режимската “фамилија”…
СЈО е пред “неутрализација” оти е беспредметно неговото постоење во новиве околности…
Артан Груби е новиот министер за надворешни…
Албанец станува началник на Генералштаб на Армијата…
На 08 мај истекува лиценцата на грците за ОКТА, а се уште нема ни најава за јавен тендер…
Бугарите влегуваат со барања за основни училишта на бугарски јазик, за универзитет на бугарски, за признавање на бугарскиот за еден од јазиците во Македонија, а набргу ќе се испорача и фактурата за влез во преамбулата на Уставот на Македонија на бугарското “малцинство” …
Ако следите внимателно вмродпмне е слеп и нем набљудувач на процесите и го игра тангото со ѓаволот под уцена и диктат…
Заклучок: вмродпмне во сите 17,5 години на власт во Македонија, ниту пак денес кога македонската нација ја предадоа и фрлија на колена без око да им трепне, за да си се сочуваат себеси и украдените милијарди од својот напатен народ…е тажна завршена приказна за Македонецот. Периодот пред нас, со истите уцени и диктат ќе го фрлат на колена и ќе го враќаат на ванчомихајловистичките корени, според кои Македонци нема, македонски јазик нема…а албанско – бугарското менгеме ќе притиска да ги истисне од македонското национално ткиво и последните здрави македонски елементи.
Македонијо освести се, Македонци разбудете се и да се обединиме под новиот бајрак на македонската идеја. Македонизмот мораме да го издигнеме на степен на света свесност во умот на секој еден искрен Македонец.
Периодот пред нас ќе биде еден од најтешките во поновата историја. Мобилизација на семакедонско е услов без кој нема да можеме да опстанеме како нација.
Ако сега не се освестиме, отрезниме, мобилизираме и не си подадеме рака дома, сплотени со Македонците од соседството и со сите Македонци низ светот, ако не се сплотиме како едно за да го воскреснеме македонизмот, тогаш друга шанса прашање е дали и ќе имаме.
Да не дозволиме да сме единствената нација на планетава, чии сегашни генерации направија од готово – вересија и ја изгубија својата татковина.